ООУ „Гоце Делчев“ - Кавадарци е лоцирано во новиот центар на градот на бул.„Цветан Димов“. Самата местоположба на училиштето е таква што се наоѓа на раскрсницата на булеварите „Цветан Димов”, „Моша Пијаде“, и улицата „Гоце Делчев”, а околу училиштето се наоѓаат згради – стамбени блокови. Непосредно до училиштето е сместена детската градинка „Рада Поцева” односно клонот „Гоце Делчев” од истата.

мисија на училиштето

УЧИЛИШТЕ КОЕ НА СИТЕ УЧЕНИЦИ ИМ ДАВА ЕДНАКВА МОЖНОСТ УСПЕШНО ДА ЗАЧЕКОРАТ ВО
МУЛТИКУЛТУРНО И ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ВО КОЕ СЕ ПОЧИТУВААТ ИНДИВИДУАЛНОСТА И РАЗЛИЧНОСТА.
ВИЗИЈА - СЕОПФАТНО И ДОСЛЕДНО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ТЕМЕЛНО ПОСТАВЕНИТЕ ЦЕЛИ, СО ПОЧИТУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНОТО И СОВРЕМЕНОТО, СЕМЕЈНОТО И ПРОФЕСИОНАЛНОТО И НЕГУВАЊЕ НА КУЛТУРАТА НА ЖИВЕЕЊЕ И ПРИРОДНАТА СРЕДИНА. .
Во ООУ „Гоце Делчев” оваа година се школуваат вкупно 600 ученици и тоа 15 паралелки во одделенска настава, 12 во предметна настава и 3 паралелки во продолжен престој, вкупно 30 паралелки. Училиштето располага со 11174 м² вкупен простор од кој 3000 м² корисен простор и 8174 м² добро уреден двор. Истиот е уреден со дрвја и цвеќиња, а на предниот дел има Спомен биста на патронот кој го одржуваат учениците. Училиштето е делумно оградено. Во зимските месеци просториите се загреваат со парно греење со нафта. Наставата се изведува во училишна зграда - објект кој максимално нуди услови за воспитание и образование за 700 ученици.
Воедно во склопот во училиштето е и спортската сала која не ги исполнува стандардите за настава по физичко и здравствено образование, која е реновирана 2004-2005 година. Анекс кон главната зграда е и објектот во кој се сместени два кабинети по техничко образование и две простории за паралелките од продолжен престој. По иницијатива и со помош на граданачалникот и локалната самоуправа уредeни се спортските терени за кошарка, ракомет, мал фудбал и уредување на забавен парк. За време на летниот распуст направена е подготвка во сите училници со расположливиот компјутерски капацитет за реализација на проектот „Компјутер за секое дете”. Извршена е целосна реконструкција на кровот и изградено е мулти наменско игралиште.
„Образованието е фундаментално човеково право. Тоа им пружа на децата младите и возрасните моќ критички да размислуваат, да прават избор и да си го подобрат животот“